За нас
Почетоците на развојот на Техничкиот факултет во Битола, датираат од далечната 1961 година кога е формирана Вишата Техничка школа со два отсеци во нејзиниот состав: машински и електротехнички. Во 1972 година отпочнува со работа и третиот, единствен во тоа време, а и денес единствен во Република Македонија, отсек за сообраќај и транспорт. Континуитетот на техничките високошколски студии во Битола продолжува преку Техничкиот факултет формиран во 1977 година, користејќи ги постоечките простории и кадровски можности на тогашната Виша Техничка школа.
Денес наставниот потенцијал на Техничкиот Факултет е на завидно ниво, 21 редовни професори, 14 вонредни, 9 доценти и 14 асистенти и 2 помлади асистенти и голем број на ангажирани професори и соработници од земјата и странство. Објектите и просторните можности се задоволителни: 30 училници за користење на видео презентации, еден амфитеатар и свечена сала, библиотека, со што се обезбедени услови за реализација на настава во две смени. Факултетот располага и со следните лабаратории: за термотехника; за физика; за испитување на машински материјали и конструкции; за мотори со внатрешно согорување и моторни возила; за електротехника; за електрични машини; сметачки центар со 6 училници, како и училница со најсовремена мултимедијална и интернет опрема.