Лаборатории

Лабораторија за Заштита на животна и работна средина

Во рамките на Технички факултет – Битола е оформена Лабораторија за заштита на животна и работна средина наменета за извршување на различни мерења од областа на животната и работна средина, реализација на курсеви и обуки од областа на заштитата на животната средина и обуки за безбедност и здравје при работа.

Заради проширување на дејноста на лабораторијата, како и верификација на методите на мерења во животна и работна средина, Лабораторијата отпочна процес за добивање на акредитација во лабораторија за тестирање според стандардот МКС EN ISO 17025:2018.

Лабораторијата за заштита на животната и работната средина e директно поврзана со научните области на делување: животна средина, енергија, бучава и вибрации. Технички факултет Битола има долга традиција во мониторингот на квалитет на животната и работната средина што е евидентно од големиот број на реализирани трудови, научно-истражувачки проекти, апликации и обуки од страна на наставниот кадар.

Повеќе

Лабораторија по Мехатроника

Со формирањето на Студиската програма по Мехатроника на Технички факултет Битола се оформи и лабораторијата по Мехатроника.

Мехатрониката претставува нова методологија за справување со големата комплексност на современата технологија на производство. Силната интегрираност на механичките и електронските делови бара заеднички развоен пристап бидејќи не е можно независно развивање на подсистеми. Главната идеа на Мехатрониката се состои во истовремено дизајнирање на механички, електронски и контролни елементи.

Лабораторијата по Мехатроника располага со 12 тренажни едукациски места. Технички факултет Битола како официјален партнер во Texas Instruments University Program ја опреми лабораторијата со импозантен број на развојни системи базирани на ARM TIVA C микроконтролери поткрепени со лиценцирани софтвери за работа со нив како Code Composer Studio IDE од TI, MikroC Pro for ARM и Visual TFT од Mikroe.

Една IGUS роботска рака со 5 оски, два BIOLOID роботски китови, десет LEGO MINDSTORM роботски китови, десет микроконтролерски системи за управување со роботи, дваесет Arduino UNO едукациски китови, пет FPGA базирани развојни системи, голем број на актуаторски и сензорски елементи се само дел од севкупната опрема со која располага лабораторијата.

Лабораторија за сообраќај и транспорт

Oбразувањето на сообраќајно-транспортни професионалци на линија со меѓународно признати норми и стандарди претставуваше главниот мотив за основање на современа лабораторија со одржлива софтверска и информатичка опрема.

Софтверски алатки со кои се располага:

  1. PC Crash
  2. PTV VISION (VISUM, VISSIM)
  3. SIDRA Intersection
  4. SYNCHRO
  5. TUBA
  6. COPERT IV
  7. CAD Alatki

Презентацијата на Лабораторијата во емисијата МОТИВИ на ТВ Орбис – Битола, можете да ја погледнете тука.

Повеќе.

Лабораторија по странски јазици

Лабораторијата по странски јазици при Технички Факултет-Битола, добиена како донација од Владата на Република Македонија во рамките на проектот “Опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дрјност”, е првенствено наменета за изучување на стручен англиски јазик. Нејзината примена овозможува реализација на најсовремените барања во наставата по стручен англиски јазик.

Повеќе.