Laboratory for Mechatronics

Со формирањето на Студиската програма по Мехатроника на Технички факултет Битола се оформи и лабораторијата по Мехатроника.

Мехатрониката претставува нова методологија за справување со големата комплексност на современата технологија на производство. Силната интегрираност на механичките и електронските делови бара заеднички развоен пристап бидејќи не е можно независно развивање на подсистеми. Главната идеа на Мехатрониката се состои во истовремено дизајнирање на механички, електронски и контролни елементи.

Лабораторијата по Мехатроника располага со 12 тренажни едукациски места. Технички факултет Битола како официјален партнер во Texas Instruments University Program ја опреми лабораторијата со импозантен број на развојни системи базирани на ARM TIVA C микроконтролери поткрепени со лиценцирани софтвери за работа со нив како Code Composer Studio IDE од TI, MikroC Pro for ARM и Visual TFT од Mikroe.

Една IGUS роботска рака со 5 оски, два BIOLOID роботски китови, десет LEGO MINDSTORM роботски китови, десет микроконтролерски системи за управување со роботи, дваесет Arduino UNO едукациски китови, пет FPGA базирани развојни системи, голем број на актуаторски и сензорски елементи се само дел од севкупната опрема со која располага лабораторијата.

Traffic and Transportation Laboratory

Oбразувањето на сообраќајно-транспортни професионалци на линија со меѓународно признати норми и стандарди претставуваше главниот мотив за основање на современа лабораторија со одржлива софтверска и информатичка опрема.

Софтверски алатки со кои се располага:

  1. PC Crash
  2. PTV VISION (VISUM, VISSIM)
  3. SIDRA Intersection
  4. SYNCHRO
  5. TUBA
  6. COPERT IV
  7. CAD Alatki

Презентацијата на Лабораторијата во емисијата МОТИВИ на ТВ Орбис – Битола, можете да ја погледнете тука.

Повеќе.

Foreign Language Laboratory

Лабораторијата по странски јазици при Технички Факултет-Битола, добиена како донација од Владата на Република Македонија во рамките на проектот “Опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дрјност”, е првенствено наменета за изучување на стручен англиски јазик. Нејзината примена овозможува реализација на најсовремените барања во наставата по стручен англиски јазик.

Повеќе.