Почитувани студенти на Технички факултет,

Универзитетот „Св.Климент Охридски“е дел од Алијансата на Европските Универзитети, COLOURS Alliance.

За исполнување на целите на  Алијансата, преку системот I-Know, на вашата универзитетска електронска адреса ќе добиете студентска анкета. Од посебно значење е истата да ја пополните, водејќи сметка за следното:

  •  Ја пополнувате преку универзитетската електронска адреса со domain uklo.edu.mk.
  •   Рокот на испраќање на пополнетата анкета е 31. 05 2024 година.

Со реализација на оваа активност, придонесувате за зголемување на студентската мобилност на европските универзитети.

 

ДОКОЛКУ ВЕЌЕ СТЕ ЈА ДОБИЛЕ АНКЕТАТА И ИСТАТА СТЕ ЈА ПОПОЛНИЛЕ, ВЕ МОЛИМЕ ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ ДА ГО ЗАНЕМАРИТЕ.

Ви благодариме.

Технички факултет Битола