Технички факултет Битола, како еден од клучните фактори за создавање на инженерски кадар во нашата држава, по втор пат организира Саем за вработување, практикантство и стипендии со цел да биде директна врска меѓу студентите и средношколците и фирмите од реалниот сектор, науката и стопанството, како и да ја промовира професијата инженер како една од најкреативните и најбараните професии на пазарот на трудот.

Традиционално, програмата на Саемот опфаќа технички презентации и изложба на штандови на афирмирани компании.

Саемот за вработување, практиканство и стипендии ќе се одржи на 27.03.2024 год. од 10-14h

Програмата и сите информации за настанот се дадени во следниот линк Програма за II саем на ТФБ, 2024г.