ИЗВЕСТУВАЊЕ:

На ден 13.02.2024г (Вторник) со почеток во 12 часот, претставници на групацијата Лимак ќе одржат презентација на иницијативата GEG и ќе ги претстават можностите за парични стипендии и менторска поддршка на студентките од Факултетот за компјутерски науки, Електротехничкиот факултет и Машинскиот факултет.

Групацијата Лимак веќе втора година ја спроведува иницијативата Global Engineer Girls (GEG) во Македонија,

Oсновна мисија на GEG иницијативата е да обезбеди ефективна поддршка за девојките и младите жени кои сакаат да бидат инженери да стекнат соодветно практично искуство и да изградат кариера во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката, позната како СТЕМ област.

За да ја исполни оваа мисија, GEG North Macedonia ќе обезбеди стипендии за девојки кои се запишале и студираат на инженерски факултети на државните универзитети во земјава. Дополнително, GEG ќе обезбедува и програми за менторство и развој на дигитални и меки вештини, како и можности за практикантска работа за младите жени – инженери.

Целта на овие активности е да се намали постојниот родов јаз во СТЕМ областа во земјава, со тоа што ќе се зголеми учеството на жените во овие сектори и занимања кои историски се доминирани од мажите.

Аплицирај на линкот во прилог https://northmacedonia.globalengineergirls.com/about и стани и ти дел од GEG.