Меѓународна IEEE конференција ICEST 2024 – International Scientific Conference on Information, Communication and Energy Systems and Technologies (https://icestconf.org).

Коорганизатори на конференцијата се Универзитет Св. Климент Охридски Битола – Технички факултет Битола, Универзитет во Ниш – Електронски факултет Ниш и Технички универзитет Софија – Факултет за телекомуникации.

Конференцијата ICEST 2024 е индексирана во реномираната база IEEE Xplore® Digital Library – IEEE Conference Record #62335 (https://conferences.ieee.org/conferences_events/conferences/conferencedetails/62335).

Конференцијата има традиција повеќе од 50 години и местото на одржување ротира секоја година – Македонија, Србија и Бугарија. Оваа година Конференцијата ќе се одржи во Созопол, Бугарија од 01-03.07 2024. Рокот за испраќање трудови е до 31 март 2024.

Конференцијата ги исполнува законските норми за трудови кои се вреднуваат за избор во звање. Повеќе информации може да се прочитаат на https://icestconf.org и во самиот повик за трудови во прилог.