С О О П Ш Т Е Н И Е!

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ (III, V, VII) СЕМЕСТАР

–          Запишувањето на зимскиот семестар (трет, петти, седми) во академската 2023/2024 година за студентите запишани на прв циклус студии ќе се врши во периодот од 25.09.2023 до 10.10.2023 година;

–          Студентите задолжително при уписот на семестар го пополнуваат онлајн анкетниот прашалник во iKnow системот за претходниот семестар;

–           Студентите задолжително ги внесуваат запишаните и презапишаните, задолжителни и изборни предмети во индексот;

–          Покрај уписот во индексот, студентите задолжително треба да го запишат семестарот и онлајн во iKnow системот https://iknow.uklo.edu.mk  , и да ги изберат предметите и предметните наставници од зимскиот семестар.

–          Студентите кои нема да се придржуваат на рокот за запишување на семестарот ќе платат надомест за ненавремен упис на семестар.

Напомена:

Уплати за III, V, VII семестар:

  1. Уплата за партиципација во зависност од бројот на запишаните и презапишаните кредити;
    2. Материјални трошоци за запишување (испитни тетратки, испитни пријави, пријавни  листови (1000 ден.)
    3. Факултетско студентско собрание (100 ден.)
    4. Универзитетско студентско собрание (100 ден.)
    5. Колективно осигурување (100 ден.)