Лични Податоци
Зоран Јошевски
Роден 28.01.1977
Место на Живеење
Битола
Контакт тел
078/28 34 35
www.tfb.uklo.edu.mk
Образование
1992 г– завршува основно образование при ОУ др ͈Трифун Пановски “.
1992 г-1996 г– Средно Техничко училиште
1996 г -2001 г – Дипломира на Техничкиот факултет во Битола
2004 г-2007 г – Постдипломските студии по „Сообраќајно – транспортно планирање и инженерство“ при Техничкиот факултет во Битола.Во 2007 г. успешно ги заврши студиите со просечна оценка 9.1 и го одбрани својот магистерски труд со наслов: „Проектирање и примена на функционална компјутерска програмa за временско – просторна анализа на сообраќајните незгоди“.
27.06.2012-Одбрана на Докторска Дисертација – Симулациски модел на динамиката на возила при судир се стекнува со титула доктор на технички науки
Работно Искуство
2008 г. со одлука 03-218/1 е ангажиран за помошник при користење софтвер по предметите Основи на безбедност на сообраќајот, Безбедност на сообраќајот, Експертиза на сообраќајните незгоди.Од уч.2008/09 година работи како демонстратор по предметот Техничка анализа на сообраќајни незгоди (на постдипломски студии)
2009 г. со одлука 02-719/21 е ангажиран како демонстратор за одржување на вежбите по предметите Анализа на сообраќајни незгоди, Техники на возење и возачки вештини, Основни техники на безбедноста во сообраќајот, Увид и реконструкција на сообраќајни незгоди.
29.12.2009 година избран е за помлад асистент од областа на сообраќај и транспорт
25.09.2012 година е избран за асистент од областа на сообраќај и транспорт
20.11.2012 избран е за Доцент од областа на Безбедност во сообраќајот
17.05.2017 година избран е за Вонреден професор од областа на сообраќај и транспорт
22.06.2022 година е избран за Редовен професор од областа Безбедност на сообраќајот.
Останати Ангажмани
Од 16 до 20.09.2009 г. во Загреб Р.Хрватска, учествуваше на работилницата за работа со PC Crash 8.2 (софтвер за техничка анализа на сообраќајни незгоди), со што се стекна со Сертификат за познавање на работа со овој софтвер
Од 27 до 29.04.2011 г. во Белград учествуваше на Меѓународна конференција: „Launching of the Decade of Action (2011-2020) for Road Safety in the UNECE Region“.
Од 22 до 24.09.2009 г. во Загреб, Р.Хрватска, учествуваше на работилницата за работа со PC Crash 9.0, со што се стекна со Сертификат за познавање на работа со овој софтвер.
Активен член е на Сојузот на сообраќајни инженери на Р.Македонија каде што активно учествува во негов развој и афирмација.
Активен член е на Хрватското научно друштво за сообраќај.
Во 2013 година е избран за Претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во општина Битола, каде што работи се до 2015 година.
Во 2015 година од страна на Собранието на Р.Македонија избран е за член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Р.М. Од страна на РСБСП е избран за Претседател на Комисијата за наука и меѓународна соработка и оваа Комисија ја води се до 2016 година, кога е избран за Претседател на Комисијата за национална стратегија на РСБСП.
Во 2016 година како Претседател на организацискиот одбор ја организираше Првата меѓународна конференција: Управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоисточна Европа- предизвици и насоки за дејствување, којашто се одржа од 29.09-01.10.2016 година.
Член е во претседателски и организациски одбор на повеќе меѓународни конференции.
Во досегашната работа, како вешто лице има изработено преку 3000 сообраќајни вештачења, проценки на штети од сообраќајни незгоди и експертизи на сообраќајни незгоди.
- Основи на безбедноста во сообраќајот
- Анализа на сообраќајните незгоди
- Експертиза на сообраќајните незгоди
- Безбедност во сообраќајот
- Техники на возење и возачки вештини