- Машински елементи I
- Основи на конструирањето
- Машински елементи II
- Заштита од бучава
- Основи на машинство
Роден е во Прилеп на 04.09.1962 год.
Основно образование и гимназија завршил во Прилеп.
• Октомври 1982 –февруар 1987 студира на Машинскиот Факултет во Скопје.
• февруари 1987 год. ги завршува студиите со одбрана на дипломската работа “Конструктивни особености, програмирање и искористување на НЦ-глодалките инсталирани во Енергоинвест-11 Октомври-Прилеп” со одличен успех.
• Февруар 1987-октомври 1987 во Енергоинвест-11 Октомври-Прилеп ангажиран како инжињер -програмер на НЦ-машините во наменскиот погон на фабриката.
• Од 1.11.1987год. Техничкиот Факултет во Битола, е избран во звањето помлад асистент по предметите Машински елементи 1 и 2, и Основи на конструирањето (Билтен бр.7 од 1987год.).
• 1987 – 1989 год. на постдипломските студии на Машинскиот факултет во Скопје, институт за Машински конструкции и ММВ-градба на возилата, на 2.11.1989 год. го одбранил магистарскиот труд под наслов “Прилог кон дефинирање на деформационо-напонската состојба на вратилата кај погонските механизми на дигалките”.
• Од 1.11.1990 год е избран во звањето асистент по предметите Машински Елементи 1и2, и Основи на конструирањето на Техничкиот Факултет во Битола (Билтен бр.110 од 1991год).
• 18.06.1993год. на Машинскиот Факултет во Скопје., ја одбранил докторската дисертација со наслов “Определување на промената на полето на напоните и интеракција на повеќе концентратори на напони кај степенести вратила оптоварени од торзија”.
• Од 1.10.1993 год. е избран во звањето доцент по предметите Машински елементи, Основи на конструирањето и Основи на машинство на Техничкиот Факултет во Битола (Билтен бр.137 од 1993 год), .
• Во 1995 год. е избран за наставник по предметот Транспортни уреди (Билтен бр.160 од 1995 год.) додека за вонреден професор е избран во 1998 (Билтен бр.191 од 1998 год.).
• За редовен професор за прв пат е избран во 2002 година(Билтен бр.240/2002).
• За редовен профессор по втор пат е избран во 2007 година (Билтен бр. /2007)