Следни испити

Јануари/Февруари
П В С Ч П С Н
22232425262728
2930311234
567891011
12131415161718
19202122232425
сите

Новости

22 Јануари 2018

Се известуваат студентите на втор циклус на студии, на Отсекот за сообраќај и транспорт, дека запишувањето на летен семестар можат да го направат во периодот од 01.02 до 09.02.2018 година.

повеќе

19 Јануари 2018

Уписот на предмети од летен семестар за академската 2017/2018 год. ќе започне на 24.01.2018 год.

повеќе

15 Јануари 2018

За студентите од прв, втор, трет, четврт и петти семестар задолжително пријавување на испитите за јануарска сесија преку iKnow системот.

повеќе

02 Јануари 2018

Почитувани студенти,

Пред се, Ви ја честитам Новата 2018. година и Божиќните празници и Ви посакувам многу среќа, здравје и се најубаво во животот.

Во прилог е конечниот распоред за ЈАНУАРСКА СЕСИЈА АКАДЕМСКА 2017-2018.
Ви благодарам за соработката.

Со почит,

проф, д-р Верица Данчевска
продекан за настава

повеќе

29 Ноември 2017

Познати добитниците на наградите за истражувачки труд и есеј на распишаниот награден конкурс на УКЛО. Две од првите три награди за студентите од ТФБ. Честитки до Филип Лазоски (прва награда) и Игор Стерјовски (трета награда) за истражувачки трудови. 

повеќе

15 Ноември 2017

Список на примени кандидати на втор циклус универзитетски студии на ОТСЕКОТ ЗА СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ во академската 2017/2018 година (сите уписни рокови)

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

Ред. проф. д-р Тале Герамитчиоски

prof. Dr Тале Герамитчиоски


Основна литература:

Кабинет 410 Локал 137 Дир. телефон +389 (0)47 207737 Email tale.geramitcioski@uklo.edu.mk Консултации
Биографија

 

• Роден е во Прилеп на 04.09.1962 год.
• Основно образование и гимназија завршил во Прилеп.
• Октомври 1982 –февруар 1987 студира на Машинскиот Факултет во Скопје.
• февруари 1987 год. ги завршува студиите со одбрана на дипломската работа “Конструктивни особености, програмирање и искористување на НЦ-глодалките инсталирани во Енергоинвест-11 Октомври-Прилеп” со одличен успех.
• Февруар 1987-октомври 1987 во Енергоинвест-11 Октомври-Прилеп ангажиран  како инжињер -програмер на НЦ-машините во наменскиот погон на фабриката.
• Од 1.11.1987год. Техничкиот Факултет во Битола, е избран во звањето помлад асистент по предметите Машински елементи 1 и 2, и  Основи на конструирањето (Билтен бр.7 од 1987год.).
• 1987 – 1989 год. на постдипломските студии на Машинскиот факултет во Скопје, институт за Машински конструкции и ММВ-градба на возилата, на 2.11.1989 год. го одбранил магистарскиот труд под наслов “Прилог кон дефинирање на деформационо-напонската состојба на вратилата кај погонските механизми на дигалките”.
• Од 1.11.1990 год е избран во звањето асистент по предметите Машински Елементи 1и2, и Основи на конструирањето на Техничкиот Факултет во Битола (Билтен бр.110 од 1991год).
• 18.06.1993год. на Машинскиот Факултет во Скопје., ја одбранил докторската дисертација со наслов “Определување на промената на полето на напоните и интеракција на повеќе концентратори на напони кај степенести вратила оптоварени од торзија”.
• Од 1.10.1993 год. е избран во звањето доцент по предметите Машински елементи, Основи на конструирањето и Основи на машинство на Техничкиот Факултет во Битола (Билтен бр.137 од 1993 год), .
• Во 1995 год. е избран за наставник по предметот Транспортни уреди (Билтен бр.160 од 1995 год.) додека за вонреден професор е избран во 1998 (Билтен бр.191 од 1998 год.).
• За редовен професор за прв пат е избран во 2002 година(Билтен бр.240/2002).
• За редовен профессор по втор пат е избран во 2007 година (Билтен бр.   /2007)

Членување во здруженија, асоцијации


• Член е на Друштвото за наука и уметност-Прилеп од 1990 год,
• на Друштвото за наука и уметност - Битола од 1994год,
• член е на GAMM-Gesellscaft fur angewandte mathematik und mechanik(Меѓународно здружение за математика и механика)со седиште во Германија од 1995год.,
• на Друштвото за Механика на Македонија-Скопје од 1995 год.

Изборни и раководни функции:


• 1997-1999  Претседател на Советот на Техничкиот факултет-Битола
• 1999-2002 Раководител на Машинскиот отсек на Техничкиот факултет-Битола
• 1999-2002 член на Факултетската управа на Техничкиот факултет-Битола
• 2000-2002 член на Сенатот на Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола
• 2000-2002 член на Комисијата за настава и наука при Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола
• септември 2002 год е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија
• од ноември 2002 до август 2006 е Заменик Министер за образование и наука во Владата на Република Македонија
• Член на Управниот Комитет за образование во Советот на Европа во Стразбур 2002-2006
• Член на Државниот Комитет за НАТО интеграција на Р.Македонија 2003-2006
• Во јули 2006-2008 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија

 НАСТАВНО-ОБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ

1.    Наставна ангажираност

• 1987-1993 год. како асистент ги изведувал вежбите по предметите Машински елементи 1 и 2 и Основи на конструирањето на Техничкиот Факултет - Битола, Машински отсек.
• Од 1.10.1993 год. е избран во звањето доцент, ја изведува наставата по предметите Машински елементи 1 и 2 на Машинскиот отсек, како и наставата по предметот Основи на машинство на Сообраќајниот отсек при Техничкиот Факултет во Битола,
• Од 1.03.1996 год. ја изведува наставата по предметот Транспортни уреди на Машинскиот отсек при Техничкиот факултет-Битола.
• Од 1997 год. ја изведува наставата на предметот Машински елементи на трета година (седми семестар) на графичкиот отсек на Техничкиот факултет согласно со новите наставни планови и програми.   
• Од јуни 1998 е избран за вонреден професор по предметите Основи на конструирање, Машински елементи 1 и 2, Транспортни уреди и Основи на машинството.
• Од ноември 2002 год е избран за редовен професор од областа на Машински елементи, Машински конструкции и проектирање и машински системи
• Од октомври 2007 год е реизбран за редовен професор од областа на Машински елементи, Машински конструкции и проектирање и машински системи

2. Менторство, учество во комисии за магистарски и докторски трудови

• Член е на комисијата за оценка и одбрана на магистарската работа на м-р Љупчо Трајчевски одбранета на Машинскиот факултет во Скопје во 1997 год..
• Член е на комисија за оценка и одбрана на докторска дисертација на Д-р Благој Павлов, одбранета на Машинскиот Факултет во Скопје, во мај, 1998год.
• Член е на комисија за оценка и одбрана на докторската дисертација на Д-р Вангелче Митревски, 2004
• Ментор на докторска дисертација на Д-р Илиос Вилос, декември, 2006
• Ментор на докторска дисертација на Д-р Љупчо Трајчевски , јули 2008

Книги

•  Т.Герамитчиоски , “Машински елементи - збирка решени задачи”, Универзитет “Св.Климент Охридски” - Битола, 1994год.
•  Т.Герамитчиоски,”Машински елементи - практикум за вежби”, Технички Факултет-Битола, интерна скрипта
•  Т.Герамитчиоски,”Основи на Машинството”,основен учебник, Универзитет “Св.Климент Охридски”-Битола, издавач печатница “Киро Дандаро”-Битола, 1996 год.
•  Т.Герамитчиоски, В.Митревски, Компјутерска пресметка на машински елементи, дел 1,  практикум во издание на Технички факултет Битола, 2001
•  Т.Герамитчиоски, Машински елементи кај графичките машини, скрипта од предавања за студентите на  графички отсек, октомври, 1999год.    
•  Т.Герамитчиоски, Машински елементи со техничко цртање, скрипта од предавања-учебно помагало за студентите од Факултетот за биотехнички науки Битола, 2001
•  Т.Герамитчиоски, Одбрани делови од теоријата на конструирање на машините”-скрипта
•  Митревски, В., Вилос, И., Герамитчиоски, Т. “Пресметка на ремени преносници”, учебно помагало, Технички факултет, Битола.2008г.
Трудови и конф.

Трудови (кликнесте тука)

Стручно апликативна дејност (кликнете тука)

Конференции (кликнете тука)

 

Научноистражувачки проекти

1. Анализа на причините за појава на повишена бучава, вибрации, температура на амбиентот и нивно штетно влијание врз работоспособноста на работниците во индустријата со изнаоѓање на решенија за нивно намалување, - научно-истражувачки проект финансиран од страна на Министерството за наука на Република Македонија под бр. 08-1175/1 од 12.04.1996 год. Т.Герамитчиоски -главен истражувач и раководител на проектот.; завршен извештај декември, 1999
2. Бучава и вибрации во графичката индустрија - научно-истражувачки проект финансиран од страна на Министерството за наука на Република Македонија под бр. 08-1175/1 од 12.06.2000 год. - Т.Герамитчиоски -главен истражувач и раководител на проектот.
3. TEMPUS JER Proekt – BITMEH(UM JEP –14136-99):Specialist Studies for Professors of Secondary Vocational Education in Mechanics   - Специјалистички студии за професори во средните технички училишта, учесник во проектот

Публикувани научни книги (монографии)

1. Т.Герамитчиоски, Вибрации и бучава кај редукторите, монографија, научно дело во издание на Технички факултет-Битола, финансирано од страна на Министерството за наука на Македонија, 1998   
2. Т.Герамитчиоски, Ѓ.Тромбев, В.Митревски, И.Вилос, Бучава во прехрамбената индустрија на Пелагонискиот регион, -монографија- во издание на Технички факултет-Битола, 2001

Рецензии на научноистражувачки и други проекти

Во изминатиот период 1998 до денес е рецензент на 30 (триесет) рецензии за подобност и оценка на научноистражувачки проекти доделени од страна на Министерството за образование и наука на Р.Македонија како експерт од областа на машинските конструкции, бучава и вибрации, технологија на обработка;
Исто така, како експерт на Европската комисија за образование преку Европската тренинг фондација ЕТФ-Торино, Италија која е институција на Европската комисија, вклучен како ревизор на состојбите во системите на средното стручно образование и обука на соседните земји Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија.

 

Др. активности

Стручен консултант во една од најреномираните фирми МИКРОСАМПРИЛЕП
на делот на инсталирање на мониторинг и анализа на
вибрациите на склоповите и конструкциите на сопствените машините.