Следни испити

Ноември/Декември
П В С Ч П С Н
13141516171819
20212223242526
27282930123
45678910
11121314151617
сите

Новости

15 Ноември 2017

Список на примени кандидати на втор циклус универзитетски студии на ОТСЕКОТ ЗА СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ во академската 2017/2018 година (сите уписни рокови)

повеќе

10 Ноември 2017

Распоред за испити во ноемвриска испитна сесија за академска 2017/18 год. за сите студиски програми преземи

повеќе

19 Септември 2017

Се известуваат студентите на втор циклус на студии, на Отсекот за сообраќај и транспорт, дека запишувањето на семестар можат да го направат во перидот од 02.10 до 09.10.2017 година.

повеќе

18 Септември 2017

Распоред за настава во зимски семестар од академска 2017/18 год. за сите студиски програми  преземи

повеќе

06 Август 2017

Понеделник 07.08.2017, Хотел Театар - Битола
од 10:00-13:00 „На кафе со ЕУ ИПА Проектот"
Центарот за вработување Битола организира информативен настан од неформалнен карактер во рамките на ЕУ-ИПА Проектот „Поддршка за вработување на млади" за младите невработени лица, на возраст до 29 год., активни баратели на работа.

повеќе

01 Август 2017

Им се соопштува на студентите дека испитите за септемвриска сесија од зимски семестар кај проф. д-р Мирка Поп Николова Радевска од среда 31. 08. 2017 се презакажуваат на 21. 08. 2017 во 10 часот - училна 12.

Распоред за испити во септемвриска сесија

повеќе

15 Август 2016

Се известуваат студентите дека отворено е електронското пријавување на испити во iKnow системот за септемвриска сесија. Студентите задолжително треба електронски да се пријават во iKnow системот.

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

Ред. проф. д-р Елизабета Христовска

prof. Dr Elizabeta Hristovska


Основна литература:

Кабинет 210 Локал 156 Дир. телефон +389 (0)47 207 756 Email elizabeta.hristovska@uklo.edu.mk Консултации Понеделник 12:00-13:30; Вторник 11:30-13:00
Биографија

CV

Родена на 12.11.1969 год. во Битола. Основно и средно образование завршила во Битола со континуиран одличен успех. Студиите ги завршила на Техничкиот факултет во Битола 1993 год, на машинскиот отсек, во рекорден рок со просечна оценка на студирање 9,11. За вака постигнатите резултати, во текот на студиите била истакнувана како најдобар студент на генерацијата и примала стипендија од Министерството за наука на РМ по критериумите за талентирани студенти. Во текот на студиите ја извршувала задачата демонстратор по предметот Јакост на материјали. Постдипломските студии ги завршила на Машинскиот факултет во Скопје 1997 год, на Институтот за машински конструкции и механизациони машини и возила. Како постдипломец покажувала исто така натпросечни резултати положувајќи ги редовно предвидените испити со највисоки оценки. Како постдипломец користела стипендија за научни и стручни кадри од Министерството за наука на РМ. Докторската дисертација ја одбранила на Машинскиот факултет во Скопје 2000 год. На Техничкиот факултет во Битола е од 1996 год. кога се вработила како помлад асистент по група предмети од катедрата по механика. Усовршувајќи се и напредувајќи во својата кариера денес е редовен професор по група предмети од областите: Општо машинство, проектирање и машински конструкции; Транспортна механизација; Земјоделско машинство и механизација и Техничка механика и механика на цврсто тело. Предава на  студии од прв циклус на Отсекот за индустриско инженерство и менаџмент, Машинскиот отсек, Отсекот за графичко инженерство и Отсекот за сообраќај и транспорт. Наставник е на студии од втор циклус на Отсекот за индустриско инженерство и менаџмент, Машинскиот отсек и Отсекот за графичко инженерство. Исто така како наставник  покрива предмети на трет циклус на студии на Отсекот за индустриско инженерство и менаџмент, Машинскиот отсек и Отсекот за графичко инженерство. Има акредитација за ментор на магистерски трудови и докторски дисертации. Извесно време беше наставник по предметот Земјоделски машини и опрема на Факултетот за биотехнички науки во Битола. Во периодот 01.10.2006 до 01.10.2010 год. ја обавувала функцијата продекан за настава во Техничкиот факултет-Битола. Од 17.04.2012 год. е раководител на студиите од втор циклус на отсекот за индустриско инженерство и менаџмент. Од 02.10.2011 до 29.09.2015 год. е член и претседател на Комисијата за самоеваулација на Технички факултет-Битола. Член е на универзитетскиот Сенат од 23.11.2016 год.

 

 

Важни датуми на научно и стручно усовршување

Дипломира: 29.06.1993 год. на Техничкиот факултет во Битола со дипломската работа со наслов Проектирање на градежен кран
Магистрира: 04.04.1997 год. на Машинскиот факултет во Скопје со магистерскиот труд со наслов Оптимирање на преносници за погон на ротирачкото тркало кај багерите
Докторира: 28.06.2000 год. на Машинскиот факултет во Скопје со докторската дисертација со наслов Корелација на деформационо-напонските и конструктивните карактеристики на затегите со носечката конструкција на работниот орган на багерите

Избор за помлад асистент: 01.03.1996 год., Технички факултет-Битола

Предвремен избор за асистент: 26.12.1997 год., Технички факултет-Битола
Реизбор за асистент: 20.02.2001 год., Технички факултет-Битола
Избор за доцент: 16.10.2001 год., Технички факултет-Битола
Избор за вонреден професор: 27.06.2006 год., Технички факултет-Битола
Избор за редовен професор: 17.02.2011 год., "Универзитет Св.Климент Охридски"-Битола

 

 

 

 

 

Научно-истражувачки интерес

Научно подрачје: 2.00 Техничко-технолошки науки
Поле: 2.14 Машинство
Области (дисциплини):
21400 Општо машинство, проектирање и машински конструкции
21413 Транспортна механизација
21412 Земјоделско машинство и механизација

21417 Техничка механика и механика на цврсто тело

Др. активности

 

 

 

Објавени научни и стручни трудови: 54 во странство и 58 во земјата. Од објавените трудови во странство 40 се на меѓународни научни конференции, 10 во меѓнародни научни списанија и 4 во меѓународни научни списанија со импакт фактор. Од објавените трудови во земјата 56 се на меѓународни научни конференции, а 2 во меѓународни научни списанија

 

Научно-истражувачки проекти: 1 во земјата

 

Развојно-истражувачки проекти: 1 меѓународен, 3 во земјата


Апликативни проекти: 6 во земјата

 

TEMPUS проекти: учество во активности на 6 проекти

 

Објавени учебници и учебни помагала: 4 учебнци и 6 учебни помагала

 

Интерни скрипти: 8 учебници, 5 учебни помагала и 3 други скрипти

 

Гостувачки предавања: 2 во странство и 2 во земјата

 

 Академски посети: 9 во странство

 

Останати активности: апликативна дејност со колеги од Машинскиот факултет во Скопје; проследени 7 повеќедневни семинари и 2 конференции за научно и стручно усовршување; презентирање на научни трудови на повеќе меѓународни конференции во земјата и странство; учество на два саеми со нов производ-како конструктор; промоција во медиумите со два нови производи-како конструктор; рецензент на: учебници, учебни помагала, проекти, наставници, асистенти; вклученост во докторски дисертации, магитерски трудови и дипломски работи итн.


Членство во научни и стручни асоцијации и друштва: потпретседател на Македонското научно друштво-Битола (МНД-Битола), секретар на Одделението за техника на МНД-Битола, член на Управниот одбор на МНД-Битола, член на Уредувачки совет на ДНУ-Битола и МНД-Битола, претседател на редакциски одбор на Зборник од научна конференција; член на Собранието на Институтот за стандардизација при Министерството за економија на РМ, член на технички комитет ТК-19 при Институтот за стандардизација на РМ, претседател на Собранието на КЛАСТЕР на производители на приклучна земјоделска механизација и опрема за сточарско производство “БИПОМ-М”, член и потпретседател на Комисија за издавачка дејност и Комисија за наставни и научни прашања при Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола, член во научен и програмски одбор на научни конференции итн. 


Научни признанија: Плакета на ДНУ-Битола, за активности на научната мисла по повод 40 години постоење на друштвото, 2001 год.; Плакета на МНД-Битола, за плодна соработка и придонес во афирмација на научната мисла, 2007 година.

 

 

Предмети кои ги покрива:


Средства за транспорт, Отсек за индустриско инженерство и менаџмент-студиска програма Индустриски менаџмент и Индустриско инженерство и менаџмент, Машински отсек-судиска програма Машинство, Отсек за сообраќај и транспорт-студиски програми Сообраќајно-транспортно инженерство и Сообраќајно-транспортна телематика

 

Метални конструкции, Машински отсек-студиска програма Машинство, Отсек за индустриско инженерство и менаџмент-студиска програма Индустриско инженерство и менаџмент

 

Современи експериментални испитувања, Отсек за индустриско инженерство и менаџмент-студиска програма Индустриски менаџмент

 

Основи на машинство, Отсек за индустриско инженерство и менаџмент-студиска програма Индустриски менаџмент и Индустриско инженерство и менаџмент, Отсек за графичко инженерство-студиска програма Графичко инженерство, Отсек за сообраќај и транспорт-студиска програма Сообраќајно-транспортно инженерство

 

Претоварни процеси, Отсек за сообраќај и транспорт-студиски програми Сообраќајно-транспортно инженерство и Сообраќајно-транспортни системи и технологии

 


Надежност на технички системи (предмет на втор циклус на студии), Отсек за индустриско инженерство и менаџмент-студиска програма Индустриски менаџмент и Индустриско инженерство и менаџмент, Отсек за графичко инженерство-студиска програма Графичко инженерство

 

Современи експериментални испитувања-напреден курс (предмет на втор циклус на студии), Отсек за индустриско инженерство и менаџмент-студиска програма Индустриски менаџмент и Индустриско инженерство и менаџмент

 

Методологија на научна и стручна работа (предмет на трет циклус на студии), Отсек за индустриско инженерство и менаџмент-студиска програма Индустриски менаџмент и Индустриско инженерство и менаџмент

 

Надежност на технички системи-одбрани поглавја (предмет на трет циклус на студии), Отсек за индустриско инженерство и менаџмент-студиска програма Индустриски менаџмент и Индустриско инженерство и менаџмент, Отсек за графичко инженерство-студиска програма Графичко инженерство