Следни испити

Септември/Октомври
П В С Ч П С Н
17181920212223
24252627282930
1234567
891011121314
15161718192021
сите

Новости

20 Септември 2018

Се известуваат студентите дека уписите за II, III и IV година за студентите од сите отсеци на Техничкиот факултет (Електротехнички, Машински, Сообраќај и транспорт, Индустриски менаџмент, Графички) ќе се вршат од 24.09.2018 год.

повеќе

20 Септември 2018

Се известуваат сите студенти од втора, трета и четврта година, кои ќе вршат упис на зимскиот семестар во академската 2018/19, претходно, МОРА, задолжително да ја пополнат студентската анкета која им е достапна во нивното електронско досие.

             Во спротивно, нема да можат да го спроведат уписот.

повеќе

11 Септември 2018

Објавени конкурсите за втор и трет циклус студии на УКЛО

повеќе

31 Август 2018

Се информираат студентите дека покрај пријавувањето на испитите за септемвриска сесија во iKnow системот, задолжително е доставување на пријава на испитите и на студентски прашања на 03. 04, 05 Септември 2018.

повеќе

23 Мај 2018

Се известуваат студентите дека е објавен распоред за испити во јунска и септемвриска испитна сесија за академска 2017/18 год. за сите студиски програми.

Линк кон испитите од сите сесии.

повеќе

15 Јануари 2018

За студентите од прв, втор, трет, четврт и петти семестар задолжително пријавување на испитите за јануарска сесија преку iKnow системот.

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

Лабораторија по Мехатроника










Со формирањето на Студиската програма по Мехатроника на Технички факултет Битола се оформи и лабораторијата по Мехатроника.

Мехатрониката претставува нова методологија за справување со големата комплексност на современата технологија на производство. Силната интегрираност на механичките и електронските делови бара заеднички развоен пристап бидејќи не е можно независно развивање на подсистеми. Главната идеа на Мехатрониката се состои во истовремено дизајнирање на механички, електронски и контролни елементи.

Лабораторијата по Мехатроника располага со 12 тренажни едукациски места. Технички факултет Битола како официјален партнер во Texas Instruments University Program ја опреми лабораторијата со импозантен број на развојни системи базирани на ARM TIVA C микроконтролери поткрепени со лиценцирани софтвери за работа со нив како Code Composer Studio IDE од TI, MikroC Pro for ARM и Visual TFT од Mikroe.

Една IGUS роботска рака со 5 оски, два BIOLOID роботски китови, десет LEGO MINDSTORM роботски китови, десет микроконтролерски системи за управување со роботи, дваесет Arduino UNO едукациски китови, пет FPGA базирани развојни системи, голем број на актуаторски и сензорски елементи се само дел од севкупната опрема со која располага лабораторијата.

Лабораторија за сообраќај и транспорт






Oбразувањето на сообраќајно-транспортни професионалци на линија со меѓународно признати норми и стандарди претставуваше главниот мотив за основање на современа лабораторија со одржлива софтверска и информатичка опрема.

Софтверски алатки со кои се располага:

PC Crash
PTV VISION (VISUM, VISSIM)
SIDRA Intersection
SYNCHRO
TUBA
COPERT IV
CAD Alatki

Презентацијата на Лабораторијата во емисијата МОТИВИ на ТВ Орбис - Битола, можете да ја погледнете тука.

Повеќе

Лабораторијата по странски јазици





Лабораторијата по странски јазици при Технички Факултет-Битола, добиена како донација од Владата на Република Македонија во рамките на проектот “Опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дрјност”, е првенствено наменета за изучување на стручен англиски јазик. Нејзината примена овозможува реализација на најсовремените барања во наставата по стручен англиски јазик.

Повеќе