Следни испити

Јули/Август
П В С Ч П С Н
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345
6789101112
сите

Новости

23 Мај 2018

Се известуваат студентите дека е објавен распоред за испити во јунска и септемвриска испитна сесија за академска 2017/18 год. за сите студиски програми.

Линк кон испитите од сите сесии.

повеќе

15 Јануари 2018

За студентите од прв, втор, трет, четврт и петти семестар задолжително пријавување на испитите за јануарска сесија преку iKnow системот.

повеќе

29 Ноември 2017

Познати добитниците на наградите за истражувачки труд и есеј на распишаниот награден конкурс на УКЛО. Две од првите три награди за студентите од ТФБ. Честитки до Филип Лазоски (прва награда) и Игор Стерјовски (трета награда) за истражувачки трудови. 

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

Меѓународна конференција eNergetics 2017

Доставување на трудовите до 01 септември 2017.

Конференцијата eNergetics 2017 на која коорганизатор е Техничкиот факултет Битола ќе се одржи на 19-20 октомври 2017.

Детални информации на web страната на конференцијата www.energetics.cosrec.org

Свечено доделување дипломи

На 23 мај 2017 година од 11 часот на Технички факултет - Битола свечено ќе бидат доделени дипломите на дипломираните студенти на прв и втор циклус на студии. На промоцијата гости ќе бидат и претставници од Центарот за обука на пилоти, кои ќе одржат презентација.

КОНКУРС за доделување 5 стипендии од ЕЛЕМ

РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ДО 26.05.2017 ГОД.

Можност за пријавување за стипендија ќе имаат студентите запишани првпат во I-ва година во учебната 2016/2017 година на електротехнички отсек.

Стипендијата е во висина од 6.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Документите се поднесуваат до Архивата на Техничкиот факултет-Битола најдоцна до 26.05.2017 год.

Конкурс
Апликација

НАДВОРЕШНА ЕВАЛУАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ

На 10 и 11 мај 2017 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски" – Битола ќе престојува експертски тим од Институционалната евалуациона програма при Европската асоцијација на универзитети со цел спроведување надворешна евалуација на Универзитетот.

Посетата на експертскиот тим е единствена можност за добивање надворешна, објективна оценка за работењето на Универзитетот од една престижна, независна Европска организација. Истовремено, надворешната евалуација е во функција на континуираниот развој на УКЛО, а пред се, на системот за обезбедување и унапредување на квалитетот.

Агендата на експертскиот тим предвидува средби со раководството на УКЛО, Комисијата за самоевалуација на Универзитетот, студенти, надворешни чинители, како и одвоени посети на неколку единици на Универзитетот.

Втората посета на тимот е закажана во периодот од 16 до 19 октомври, 2017 година.

Гостувачко предавање на тема Inverse Problems in Heat Transfer, Solid Mechanics and Fluid Mechanics

Четврток, 18 мај 2017, 11ч. просторија 412, Технички факултет - Битола
ПРЕДАВАЧ: проф. George S. Dulikravch
Maidroc Laboratory
Department of Mechanical and Materials Engineering,
Florida International University

КОНКУРС за стипендирање од ЕВН

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ДО 05.05.2017 ГОД.

Можност за пријавување за стипендија ќе имаат студентите запишани првпат, во I-ва, II-ра, III-та и IV-та година, во учебната 2016/2017 година на електротехнички отсек.

Стипендијата е во висина од 6.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Документите се поднесуваат до Архивата на Техничкиот факултет-Битола најдоцна до 20.04.2017 05.05.2017 год. од 12:00 часот.

Конкурс 

Апликација

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СООБРАЌАЈНИ ИСТРАЖУВАЊА НА ЛАБОРАТОРИЈАТА ЗА СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ








 

На 25.04.2017 година, на Технички факултет во Битола, одржана е работилница на тема „Презентација на сообраќајни истражувања на лабораторијата за сообраќај и транспорт".

На работилницата беа присутни средношколците од ОЕМУЦ Св. „Наум Охридски" од Охрид, предводени од нивните наставници, како и преставници од секторите за сообраќај при Општина Битола и Општина Прилеп.

Повеќе информации тука.

 

 

 

 

 

.


| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |