Следни испити

Декември/Јануари
П В С Ч П С Н
11121314151617
18192021222324
25262728293031
1234567
891011121314
сите

Новости

29 Ноември 2017

Познати добитниците на наградите за истражувачки труд и есеј на распишаниот награден конкурс на УКЛО. Две од првите три награди за студентите од ТФБ. Честитки до Филип Лазоски (прва награда) и Игор Стерјовски (трета награда) за истражувачки трудови. 

повеќе

21 Ноември 2017

Се известуваат студентите кои ги полагаат следните предмети:

Аналогна електроника, Мерно-аквизициски системи и Електроника за сообраќајни инженери

кај проф. д-р Цветко Митровски, дека истите ќе ги одржи проф. д-р Миле Спировски на 24.11.2017 год. во терминот од 14h.

повеќе

15 Ноември 2017

Список на примени кандидати на втор циклус универзитетски студии на ОТСЕКОТ ЗА СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ во академската 2017/2018 година (сите уписни рокови)

повеќе

10 Ноември 2017

Распоред за испити во ноемвриска испитна сесија за академска 2017/18 год. за сите студиски програми преземи

повеќе

06 Август 2017

Понеделник 07.08.2017, Хотел Театар - Битола
од 10:00-13:00 „На кафе со ЕУ ИПА Проектот"
Центарот за вработување Битола организира информативен настан од неформалнен карактер во рамките на ЕУ-ИПА Проектот „Поддршка за вработување на млади" за младите невработени лица, на возраст до 29 год., активни баратели на работа.

повеќе

01 Август 2017

Им се соопштува на студентите дека испитите за септемвриска сесија од зимски семестар кај проф. д-р Мирка Поп Николова Радевска од среда 31. 08. 2017 се презакажуваат на 21. 08. 2017 во 10 часот - училна 12.

Распоред за испити во септемвриска сесија

повеќе

15 Август 2016

Се известуваат студентите дека отворено е електронското пријавување на испити во iKnow системот за септемвриска сесија. Студентите задолжително треба електронски да се пријават во iKnow системот.

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

Конкурс за најдобар Истражувачки труд и есеј


Универзитетот „Св. Климент Охридски" – Битола распишува Конкурс за најдобар

I. ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД

II. ЕСЕЈ

повеќе

Одлука на Владата на Република Македонија за бројот на студенти за запишување студенти во прва година на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во академската 2017/2018 година


Конкурсот со датумите и условите за пријавување и запишување студенти на УКЛО ќе биде објавен во текот на следната недела.

Повеќе

Повик за аплицирање во рамките на ERASMUS + KA103



Повикот за аплицирање во рамките на ERASMUS + KA103 е објавен

http://uklo.edu.mk/news/view/1085

Потребно е да се комплетираат потребните документи според Повикот и истите да се достават во дефинираните рокови.


Меѓународна конференција eNergetics 2017


Доставување на трудовите до 01 септември 2017.

Конференцијата eNergetics 2017 на која коорганизатор е Техничкиот факултет Битола ќе се одржи на 19-20 октомври 2017.

Детални информации на web страната на конференцијата www.energetics.cosrec.org

Свечено доделување дипломи


На 23 мај 2017 година од 11 часот на Технички факултет - Битола свечено ќе бидат доделени дипломите на дипломираните студенти на прв и втор циклус на студии. На промоцијата гости ќе бидат и претставници од Центарот за обука на пилоти, кои ќе одржат презентација.

КОНКУРС за доделување 5 стипендии од ЕЛЕМ


РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ДО 26.05.2017 ГОД.

Можност за пријавување за стипендија ќе имаат студентите запишани првпат во I-ва година во учебната 2016/2017 година на електротехнички отсек.

Стипендијата е во висина од 6.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Документите се поднесуваат до Архивата на Техничкиот факултет-Битола најдоцна до 26.05.2017 год.

Конкурс
Апликација

НАДВОРЕШНА ЕВАЛУАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ


На 10 и 11 мај 2017 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски" – Битола ќе престојува експертски тим од Институционалната евалуациона програма при Европската асоцијација на универзитети со цел спроведување надворешна евалуација на Универзитетот.

Посетата на експертскиот тим е единствена можност за добивање надворешна, објективна оценка за работењето на Универзитетот од една престижна, независна Европска организација. Истовремено, надворешната евалуација е во функција на континуираниот развој на УКЛО, а пред се, на системот за обезбедување и унапредување на квалитетот.

Агендата на експертскиот тим предвидува средби со раководството на УКЛО, Комисијата за самоевалуација на Универзитетот, студенти, надворешни чинители, како и одвоени посети на неколку единици на Универзитетот.

Втората посета на тимот е закажана во периодот од 16 до 19 октомври, 2017 година.


| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |