Следни испити

Септември/Октомври
П В С Ч П С Н
17181920212223
24252627282930
1234567
891011121314
15161718192021
сите

Новости

20 Септември 2018

Се известуваат студентите дека уписите за II, III и IV година за студентите од сите отсеци на Техничкиот факултет (Електротехнички, Машински, Сообраќај и транспорт, Индустриски менаџмент, Графички) ќе се вршат од 24.09.2018 год.

повеќе

20 Септември 2018

Се известуваат сите студенти од втора, трета и четврта година, кои ќе вршат упис на зимскиот семестар во академската 2018/19, претходно, МОРА, задолжително да ја пополнат студентската анкета која им е достапна во нивното електронско досие.

             Во спротивно, нема да можат да го спроведат уписот.

повеќе

11 Септември 2018

Објавени конкурсите за втор и трет циклус студии на УКЛО

повеќе

31 Август 2018

Се информираат студентите дека покрај пријавувањето на испитите за септемвриска сесија во iKnow системот, задолжително е доставување на пријава на испитите и на студентски прашања на 03. 04, 05 Септември 2018.

повеќе

23 Мај 2018

Се известуваат студентите дека е објавен распоред за испити во јунска и септемвриска испитна сесија за академска 2017/18 год. за сите студиски програми.

Линк кон испитите од сите сесии.

повеќе

15 Јануари 2018

За студентите од прв, втор, трет, четврт и петти семестар задолжително пријавување на испитите за јануарска сесија преку iKnow системот.

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

Меѓународна младинска конференција во Крушево


Меѓународната Младинска Конференција "Европски Вредности за Иднината на Југоисточните Европски Земји" ќе се одржи по 16-ти пат традиционално во Крушево, од 27.09-01.10.2018 год.

Конференцијата е организирана од Младински Сојуз - Крушево во соработка со Фондација Фридрих Еберт, канцеларијата Скопје и е поддржана од Пактот за Стабилност на Југоисточна Европа преку Германска амбасада Скопје, програмата ЦИВИКА Мобилитас и Агенција за Млади и Спорт. Конференцијата овозможува на 58 учесници од 16 ЈИЕ земји да присуствуваат со целосна стипендија, а останатите апликанти ќе можат да присуствуваат со котизација за учество. Апликантите кои ќе аплицираат порано ќе имаат поголема можност да присуствуваат со целосна стипендија.

Рокот за пријавување е 25.08.2018.

Апликацијата е достапна на следниот линк. Повеќе информации може да се најдат на следната веб страна.


Втора меѓународна конференција од областа сообраќај и транспорт „Транспортот во денешното општество"

Во периодот од 17 до 19мај 2018 година, на Технички факултет – Битола се одржа втората меѓународна конференција од областа сообраќај и транспорт, „Транспортот во денешното општество". Повеќе од сто учесници од државата, регионот и Европа, како автори или коавтори на пристигнатите трудови, предавачи на одделни теми, презентери на сопствените стручни и научни достигања, слушатели, студенти, дадоа свој придонес за успешна реализација на настанот. Заклучоците и сликите од Конференцијата можете да ги погледнете тука.





ПОВИК Програма ERASMUS+ Академска 2018/2019

Врз основа на повикот за предлог-проекти за 2018 година во рамките на Програмата Еразмус+ на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, УКЛО објавува Повик за мобилност во рамките на Е+ Програмата KA 1: индивидуална мобилност за учење, Сектор: високо образование:

- мобилност на студенти за студирање
- мобилност на студенти за стажирање
- мобилност на академски кадар за настава
- мобилност на академски кадар за обука

Повикот е достапен на селдниот линк

Стручна посета на „Технодидакта“


На 27.04.2018 год. студентите од трета и четврта година, од Отсекот за сообраќај и транспорт, го посетија производствениот погон на компанијата „Технодидакта" во Штип.

Целта на посетата беше запознавање со процесите на изработка на вертикална сигнализација и начините на поврзување на теоријата со праксата.

Студентите имаа можност преку едукативни и практични активности да се запознаат со начинот на изработка на вертикална сигнализација, новините во технологијата за изработка на фолии, класите на фолии, стандардите и стручната регулатива од ова подрачје.

more


Продолжување на рокот за доставување на трудови за конференцијата ICEST 2018

Технички факултет Битола е коорганизатор на меѓународната конференција ICEST 2018 (http://icestconf.org), која оваа година ќе се одржи во Созопол, Бугарија од 28-30.06.2018.

Рокот за пријавување трудови за конференцијата ICEST 2018 е до 30.04.2018.

Одреден број на селектирани трудови ќе бидат објавени во меѓународното списание International Journal of Reasoning-based Intelligent Systems (Editor in Chief: Prof. Kazumi Nakamatsu, ISSN online: 1755-0564ISSN, print: 1755-0556, http://www.inderscience.com/jhome.php?jcode=ijris).

Преземи повик.

ГОСТУВАЧКО ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА: ГОЛЕМАТА СЛИКА ВО УПРАВУВАЊЕТО СО КОНЦЕПТОТ НА ПАМЕТEН ГРАД

- Big Picture Approach to Smart Cities Management -

Вторник, 17 април 2018. 11 – 12:00 ч. Лаб. 404, Технички факултет - Битола

ПРЕДАВАЧ: Доц. д-р Рената Петревска Нечкоска

  Универзитет Гент, Белгија

  Универзитет „Св. Климент Охридски“, Битола

ПРЕДАВАЧ:

| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |