Следни испити

Јуни/Јули
П В С Ч П С Н
18192021222324
2526272829301
2345678
9101112131415
16171819202122
сите

Новости

28 Мај 2018

Се известуваат студентите дека испитите кај проф. д-р Наташа Мојсоска закажани на 25.06.2018 се презакажуваат за на 21.06.2018 год. со почеток од 10h

повеќе

28 Мај 2018

Се известуваат студентите дека пријавувањето на испитите за јунската сесија ќе се врши од 28.05-01.06.2018.

повеќе

23 Мај 2018

Се известуваат студентите дека е објавен распоред за испити во јунска и септемвриска испитна сесија за академска 2017/18 год. за сите студиски програми.

Линк кон испитите од сите сесии.

повеќе

15 Јануари 2018

За студентите од прв, втор, трет, четврт и петти семестар задолжително пријавување на испитите за јануарска сесија преку iKnow системот.

повеќе

29 Ноември 2017

Познати добитниците на наградите за истражувачки труд и есеј на распишаниот награден конкурс на УКЛО. Две од првите три награди за студентите од ТФБ. Честитки до Филип Лазоски (прва награда) и Игор Стерјовски (трета награда) за истражувачки трудови. 

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

Почетна

назад до:"Почетна"

КОНКУРС за стипендии од ЕВН Македонија

Врз основа на потпишаната Спогодба за соработка меѓу ЕВН Македонија АД, Скопје од една страна и Универзитетот ,,Св. Климент Охридски,,-Битола од друга страна се распишува конкурс за доделување стипендија за студентите на Техничкиот факултет-Битола, електротехнички отсек.

Со стипендирање на 1 (еден) студент , ЕВН Македонија ќе даде свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и на квалитетни кадри од областа на енергетиката, и воедно ќе им се даде стимул на идните студенти за запишување на Техничкиот факултет-Битола.

Можност за пријавување за стипендија ќе имаат студентите запишани првпат, во I-ва, II-ра, III-та и IV-та година, во учебната 2015/2016 година на електротехнички отсек.

Стипендијата е во висина од 6.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Изборот и селекцијата на кандидатите ќе го изврши Комисија за стипендирање.

Обврски на корисникот на стипендијата:

  • да достави потврда за редовен студент запишан во тековната година;
  • да достави Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
  • студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8.0, во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија и се обврзува да го врати примениот износ на компанијата со која го склучил Договорот за стипендирање;
  • други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.

Начин на аплицирање:

Заинтересираните студенти е потребно:

  • да пополнат aпликација/прашалник подготвен од страна на ЕВН Македонија АД,Скопје
  • да подготват мотивациско писмо

Документите се поднесуваат до Архивата на Техничкиот факултет-Битола најдоцна до 19.09.2016 од 12:00 часот.


назад до:"Почетна"