Следни испити

Февруари/Март
П В С Ч П С Н
19202122232425
2627281234
567891011
12131415161718
192021222324
26
сите

Новости

16 Февруари 2018

Се известуваат студентите дека задолжително и самостојно треба да ја пополнат анкетата која е поставена во нивното електронско досие во iKnow системот.

повеќе

13 Февруари 2018

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ

МОДЕЛ НА СООБРАЌАЈНА ПОЛИТИКА ВО ФУНКЦИЈА НА ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

повеќе

13 Февруари 2018

Уписот на предмети од летен семестар за академската 2017/2018 год. без казна ќе се врши до 16.02.2018 год.

повеќе

02 Февруари 2018

Распоред за настава во летен семестар од академска 2017/18 год. за сите студиски програми преземи

повеќе

22 Јануари 2018

Се известуваат студентите на втор циклус на студии, на Отсекот за сообраќај и транспорт, дека запишувањето на летен семестар можат да го направат во периодот од 01.02 до 09.02.2018 година.

повеќе

19 Јануари 2018

Уписот на предмети од летен семестар за академската 2017/2018 год. ќе започне на 24.01.2018 год.

повеќе

15 Јануари 2018

За студентите од прв, втор, трет, четврт и петти семестар задолжително пријавување на испитите за јануарска сесија преку iKnow системот.

повеќе

02 Јануари 2018

Почитувани студенти,

Пред се, Ви ја честитам Новата 2018. година и Божиќните празници и Ви посакувам многу среќа, здравје и се најубаво во животот.

Во прилог е конечниот распоред за ЈАНУАРСКА СЕСИЈА АКАДЕМСКА 2017-2018.
Ви благодарам за соработката.

Со почит,

проф, д-р Верица Данчевска
продекан за настава

повеќе

29 Ноември 2017

Познати добитниците на наградите за истражувачки труд и есеј на распишаниот награден конкурс на УКЛО. Две од првите три награди за студентите од ТФБ. Честитки до Филип Лазоски (прва награда) и Игор Стерјовски (трета награда) за истражувачки трудови. 

повеќе

15 Ноември 2017

Список на примени кандидати на втор циклус универзитетски студии на ОТСЕКОТ ЗА СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ во академската 2017/2018 година (сите уписни рокови)

повеќе

30 Јануари 2015

Се известуваат студентите на Технички факултет – Битола дека заради новите законски прописи скриптарата нема да работи почнувајќи од 01.02.2015 год.

повеќе

Почетна

назад до:"Почетна"

Пристап во креирање на биографија, подготовка за интервју за работа и планирање на кариера


Работилница: Пристап во креирање на биографија, подготовка за интервју за работа и планирање на кариера

Временска рамка на работилницата: Понеделник и четврток од 12:00 до 15:00ч. (Почеток: 16.10.2017; Крај: 02.11. 2017 г.)

Место: ТФБ, лаб. 404

Регистрација и повеќе информации: Доц. д-р Даниела Колтовска Нечоска (daniela.koltovska@tfb.uklo.edu.mk)
Американско катче– Битола (г-ѓа Билјана Кузмановска Тасетовиќ) (americancornerbitola@gmail.com)

Предавачи: М-р Крис Куејар, волонтер на Мировен корпус, Билјана Кузмановска Тасетовиќ, виш советник/координатор на EdUSA

Краток опис на работилницата:
Барањето на работа во современиот пазар на труд е предизвик со кој се соочуваат сите млади луѓе после дипломирањето. Пронаоѓањето на работа која е соодветна со образовната позадина и лични преференции на поединецот бара проактивен пристап и упорност. Првиот и клучен чекор во овој процес е потрага по саканата работа/работно место и соодветно преставување на кандидатот пред работодавачот. Важно е да се нагласи дека овие однесувања се вештини кои можат да бидат усовршени. Во овој контекст, на оваа работилница, учесниците ќе добијат основни насоки при пишување на молба за работа, биографија и вештини при подготовка за интервју пред работодавачите. Покрај тоа, преку реални примери на писмени барања, студентите ќе се запознаат со карактеристиките на добро и лошо напишани молби и биографии, кои ќе бидат корисна водилка за во иднина. После завршувањето на работилницата, секој учесник ќе имаат напишано своја молба за работа, биографија и основни познавања на добра подготовка за интервју.
Студентите ќе имаат можност стекнатите вештини да ги презентираат пред актуелни фирми и работодавачи од Битола и да искусат како е да се учествува во интервју за работа (низ улогата работодавач-кандидат). Работилницата е бесплатна и е отворена за сите заинтересирани студенти на ТФБ кои се желни за стекнување на нови знаења и усовршувања.

назад до:"Почетна"