15 Август 2017

Почитувани студенти,

Во продолжение следуваат неколку правила кои треба да ги почитувате во оваа испитна сесија – септември 2016/2017.

  • се уплаќа уплата 50 денари административна такса и задолжително уплатница од 300 денари уплатено во пошта или банка за секој испит кој сакате да го полагате;
  • промената на испити од летен во зимски семстар и обратно се доплаќа плус 300 денари;
  • задолжително носете го својот индекс на увид;

Важно само за студентите кои полагаат испити од прв, втор, трет и четврт семестар:

  • испитите само од прв, втор, трет и четврт семестар задолжително се пријавуваат електронски во iKnow системот
  • пријавата и уплатницата се доставуваат кај рефентките за студентски прашања во периодот од 17. 08 – 22. 08., од каде добивате потврда дека сте предале пријава и уплатница
  • на испит се јавувате само со индекс (запишана година и предмети)

Важно само за студентите кои полагаат испити од 5, 6, 7, и 8 семестар:

  • пријавата и уплатницата се доставуваат кај предметниот наставник на денот на испитот
  • заради рестартирање на системот не можете да ги пријавите испитите електронски во iKnow системот