29 Септември 2014

Во периодот од 14.9.2014 до 27.9.2014 година доц. д-р Даниела Колтовска од Технички факултет Битола, Отсек за сообраќај и транспорт, престојуваше на Универзитетот во Загреб, на Факултетот за сообраќајни науки (ФСН), во својство на гостин – предавач, во рамките на акцијата на EU COST TU1102.

Заводот за Интелигентни транспортни системи при ФСН, организира во рамките на акцијата EU COST TU1102 (Towards Autonomic Road Transport Support Systems) предавање под наслов Application of Artificial Intelligence in Adaptive Signal Control at Intersections". Предавањето е одржано од страна на доц д-р Даниела Колтовска во петок 26.9.2014, во организација на доц. д-р Едоуард Ивањко.