27 Ноември 2014

На 20.11.2014 год.студентите од Отсекот за сообраќај и транспорт, во рамките на предметот Основи на сообраќајното инженерство, имаа можност да извршат снимање на брзини со помош на радар.

Снимањето беше овозможено благодарение на соработката што овој Отсек ја има со МВР - Битола. Во оваа пригода, изразуваме благодарност до колегите од МВР за нивната несебична помош во остварување на практичната настава.